Напади во Анкара: 30 повредени лица пуштени на домашно лекување

Околу 30 од 61-то лице што беа повредени во синоќешните напади во Анкара се пуштени на домашно лекување, јавува „Анадолија“.

Во експлозијата на автомобил бомба во Анкара најмалку 28 лица го загубија животот. Околу 31 лице и понатаму остануваат во болница, но ниту еден од нив не е во критична состојба.

Синоќа во Анкара беа нападнати три воени возила и еден автомобил во приватна сопственост.

Турскиот Генералштаб соопшти дека „терористичкиот напад“ се случил во моментот кога возилата пренесувале воен персонал, а во моментот биле на семафор и чекале зелено светло.

По нападот премиерот Ахмед Давутоглу ја откажа посетата во Брисел а претседателот Реџеп Тајип Ердоган ја откажа посетата на Азербејџан што беше планирана за денес.

Како изгледаа синоќешните напади во Анкара, погледнете на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.