Свет

Напади во Копенхаген, едно лице загина, шест повредени

Напади во Копенхаген, едно лице загина, шест повредени

Европската унија и САД ги осудија двата напади во данскиот главен град Копенхаген, во кои загина едно лице, а шест други беа ранети, јави ДПА.

– Европа е обединета со Данска во поддршка на слободата на говорот. Европа нема да биде заплашена, соопшти Европската компанија во реакција на нападите врз кафулето „Крудтенден“ за време на дебата за слободата на говорот и врз синагога во центарот на Копенхаген.

Во врска со инцидентите се огласија САД, кои ги осудија нападите и на Данска и понудија помош во истрагата.

Едно лице загина, а тројца полицајаци се ранети вчера попладне при напад врз учесниците на дебатата „Уметноста, богохулството и слободата на говорот“ во кафулето „Крудтенден“, на која присуствуваа и францускиот амбасадор во Данска, Франсоа Зимерај и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој стана познат по карикатурите со пророкот Мухамед. Неколку часа подоцна еден цивил и двајца полицајци беа ранети при напад врз синагога во центарот на Копенхаген.

За двата напади властите обвинија ист сторител, за кој се претпоставува дека е лицето што утрово беше убиено од страна на полицијата во близина на железничката станица во населбата Њоребро, откако одбило да застане на полициското предупредување и отворило оган врз полицајците.