Нападите во Шпанија: Жртви од дваесетина земји, една и во Камбрилс, приведено и трето лице

© AFP 2017 / Josep Lago

Почина едно од повредените седум лица во терористичкиот напад во каталонското туристичко гратче Камбрилс, објави весникот Diario, а властите на покраината Каталонија објавија дека во претходниот напад од четвртокот попладнето во Барселона во кој загинаа 13 лица а повредени се повеќе од 100 меѓу кои се државјани на дваесетина држави меѓи кои и Македонија, додека полицијата и натаму трага по возачот на комбето и во петокот го приведе третото лице осомничено за поврзаност со нападот.

Според весникот Diario, повреденото лице во Камбрилс починало од повреди нанесени со нож. Претходно весникот El Pais објави дека со најтешки повреди се здобила жена којашто со нож била избодена од еден од терористите кој се обидувал да побегне од местото на нападот.

Според досегашните потврдени информации во нападот со комбе во центарот на Барселона убиени се 13 лица, а повеќе од стотина се повредени, додека неколку часа подоцна на 120 километри оддалеченото гратче Кабрилс беа повредени вкупно седум лица, а петтемина напаѓачи беа ликвидирани.

Засега меѓу жртвите е идентификувано лице од Белгија. Белгискиот министер за надворешни работи Дидие Рејнард го потврди ова на Twitter. „За жал, со тага мораме да соопштиме дека има белгиска жртва во Барселона…“, напиша.

Убиени се и тројца државјани на Германија, известуваат германските медиуми, а меѓу повредени се и дваесетина Французи. Шпанските власти сѐ уште не ги потврдија идентитетите на убиените.

Во 12 часот во Барселона им беше одадена почест на настраданите со минута молчење. Станува збор за најсмртоносниот напад во Барселона од 1987 година кога во бомбашки напад кој ѝ се препишува на баскиската сепаратистичка организација ЕТА загина 21 лице.

Полицијата сѐ уште трага по возачот на комбето коешто на барселонското шеталиште Ла Рамла, ги косеше минувачите. Засега се уапсени три лица, две во гратчето Рипола а едно во местото Алканар. Еден од нив е Дрис Оукабир, момче чијашто фотографија во четвртокот беше објавена во медиумите, и кој се споменуваше како можен извршител. Неговите документи беа пронајдени во комбето откако возачот истрчал и побегнал. Меѓутоа, Оукабир доброволни се пријавил во полициската станица во Рипола и пријавил дека му се украдени документите.

Полицијата сега трага по неговиот помлад брат 17-годишниот Муса Оукабир, за кој се сомнева дека можеби го возел комбето изнајмено од неговиот брат. Тој, според сомневањата на полицијата, со пасошот на брат му можеби изнајмил два фургона. Со едниот бил извршен нападот, а вториот бил пронајдени на 70 километри од Барселона.

Иследниците, исто така, се сомневаат дека џихадистичката ќелија составена од осум лица имала намера да нападне со гасот бут на повеќе места во Каталонија, североисточната шпанска покраина. Во местото Алканар ноќта од средата кон четвртокот имало експлозија во којашто загинало едно лице. Еден од уапсени бил повреден во тој инцидент. Полицијата настојува да дознае дали плинските боци служеле за подготовка на експлозивен материјал.

Првиот напад со комбе во Барселона во попладневните часови полицијата го поврзува со ноќниот напад во приморското место Камбрилс. По нападот со автомобилот „ауди“ во толпа луѓе, полицијата отворила оган и ги убила петте мажи кои имале импровизирани експлозивни појаси за кои полицијата утврдила дека биле лажни.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.