Нападнал старица, и’ украл само обетка

19-годишниот Ш.Р,  ја нападнал и ја ограбил 72-годишната Ќ.И. на улицата Цветан Димов во Тетово.

Според полициски информации,  додека тетовчанката се движела по улицата, насилникот ја пресретнал, насилно и одзел обетка, притоа нанесувајќи и расекотини на увото.

За разбојникот ќе следи кривична пријава.