Нападнале и ограбиле гостиварец

гостиварец

Разбојништвото се случило синоќа околу 22:30 часот кога на регионалниот пат Гостивар – Кичево, по мостот на реката Вардар, двете лица, од кое едното е Албанец, побарале од 27-годишниот Ф.А. да ги однесе до селото Равен. Кога стигнале побарале од него да застане и да им свети со мобилниот телефон затоа што изгубиле клучеви. Откако излегле надвор, двете лица физички го нападнале гостиварецот, удирајќи го со тупаници по главата, а во еден момент едно од лицата му ги фатило рацете, а другиот му одзел 100 евра, 2.800 денари и мобилен телефон, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.