Нападнале полицаец па бегајќи направиле сообраќајка со полициско возило

Полициски службеник синоќа половина час по полноќ бил физички нападнат во струмичко Костурино откако вршел редовна работа по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Додека полицаецот разговарал со 47-годишниот Ж.К. бил физички нападнат од неговите синови Н.К.(21) и З.К.(19).

-По ова, друг полициски службеник од службениот пиштол испукал предупредувачки истрел во воздух, заради заплашување, а напаѓачите продолжиле да се закануваат, а потоа Ж.К. и Н.К. со патничко возило „пасат“ се дале во бегство и на влезот на Гевгелија предизвикале сообраќајна незгода удирајќи во две службени возила на МВР, информираат од МВР.

По преземени мерки лицата се приведени во СВР Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.