Македонија

Нападнат 92 годишен човек од кучиња

Нападнат 92 годишен човек од  кучиња

Три кучиња тешко повредија 92- годишен старец во Пробиштипското село Парчино. Тој излегол да го провери и премести магарето кога кучињата го изненадиле. Жестоко го нападнале од три страни, па практично старецот и не успеал да се брани, пренесува „старплус“ на ТВ Стар.

Уште полошо за него, од налетот на кучињата магарето се исплашило, силно го повлекло по што тој паднал и го скршил колкот. Од сигурна смрт го спасиле соселаните кои и го пренеле во Штипската клиничка болница. Оттаму, поради сериозност на повредите бил транспортиран во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот, додава „старплус“ на ТВ Стар.