Свет

Нападнат аеродромот во Карачи, 26 жртви

Нападнат аеродромот во Карачи, 26 жртви

Дваесет и шест жртви е билансот од нападот на најпосетуваниот аеродром во Пакистан, Карачи, соопштуваат денеска пакистанските власти. Потврдено е дека убиени се најмалку двајца цивили и 11 вработени на Меѓународниот аеродром.

Асим Бајва, портпаролот на пакиснатската војска, изјави дека сите 10 милитанти, кои го извршиле нападот се убиени. Милитантите носел униформа на службениците од обезбедувањето и биле обвиени со бомби.

Пакистантските припадници на Ал Каеда ја преземаа одговорноста за овој напад, наведувајќи дека е одмазда за пакистанскиот лидер на талибанците, Хакимулаха Масуди.

Нападот на аеродромот во Карачи започна кога напаѓачите упаднале во стариот терминал и почнале да пукаат кон обезбедувањето. Тој терминал се кориси како товарен и транзит за ВИП гости. Терминалот главно бил празен за време на нападот. Меѓутоа, фрлените бомби предизвикале голем пожар.

Бајава го отфрлил тврдењето дека милитантите уништиле два млазни авиони.