Нападнат египетски воен брод, осум војници исчезнати

Во Средоземно Море бил нападнат брод на воената морнарица на Египет при што пет војници се повредени, а осум се исчезнати.

Како што соопштила египетската армија нападот се оценува како „терористички“.

Четири помали бродови, што биле искористени во нападот, се уништени во престрелката на море. Во инцидентот се приведени 32 вооружени напаѓачи.

По соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси од армијата во јули 2013 година нападите врз египетските сили за безбедност се честа појава, но вчерашниот напад на море досега е без преседан.