Нападнат и ограбен станар во Карпош 3

И.Д. (28) доцна синоќа бил физички нападнат и ограбен од непознат сторител кој најпрво му заѕвонил на влезната врата од станот, а потоа, кога овој му отворил, го удрил со тврд предмет по глава, влегол внатре и му одзел 500 евра и мобилен телефон.

Според полицијата, случајот го пријавил И.Д. во 01:50 часот по полноќ кој живее на улицата .„Радика“ во Карпош 3.

И.Д. со возило на Итна помош е префрлен во Ургентниот центар Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.