Нападнат и ограбен таксист од Кавадарци

Дваесет и деветгодишниот А.К., по професија таксист вчера бил нападнат и ограбен.

Двајца патници кои тој ги превезувал од Кавадарци до Прилеп го нападнале со нож и му го украле автомобилот.

Потоа со возилото заминале во непознат правец.

Во врска со настанот приведени се две лица и се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање  на настанот.