Нападнат и ограбен жител на с. Драмче, делчевско

Вчера околу 20,40 часот во с.Драмче, делчевско, во дворно место во куќа сопственост на Т.Р.(44) извршено е разбојништво над истиот од страна на две непознати лица на начин што истите физички го нападнале со тупаници во пределот на телото и главата, го врзале и под закана со нож му барале пари.

Откако истиот кажал дека нема, сторителите влегле во куќата, извршиле прабарување при што одзеле 1.100 евра, 2.000 денари, 10 лева и еден мобилен телефон. По преземени мерки пронајдени и приведени се две лица А.Д.(32) и П.Т.(34) двајцата од Свети Николе поради сомнение дека се можни сторители на кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесен соодветен поднесок.