сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 24

Нападнат малолетник во паркот „Жена борец“

Синоќа во 20.55 часот телефонски во ЕИК се јавил четиринаесетгодишник од Скопје и пријавил дека во 20.25 часот во Скопје, во паркот „Жена борец“, две непознати лица извршиле разбојништво врз него.

110202270

Поврзани вести

Едниот од сторителите со закана и употреба на нож го расекол во пределот на раката и му го одзел мобилниот телефон, по што побегнале во непознат правец.  Повредата му била санирана на местото на настанот од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Најчитани вести