Нападнат новинарот Јанкo Илковски

Пред својот дом попладнево од се уште непознато лице е нападнат новинарот Јанко Илковски автор и водител на емисијата „Јади Бурек“ на Сител 3, пренесе Прес24.

Според информациите кои ги потврди Илковски, напаѓачот му се заканувал со зборовите „Ќе видиш што ќе ти се случи за еден месец. Ќе те снема. Толку ти  животот и толку тие кариерата“

Тој му се претставил како германски државјанин.

Илковски пријавил во полиција и на лице место дошле алфите кои интервенирале.

Се уште нема информации од полицијата, но Илковски вели дека има снимка од настанот.