Нападнат полицаец на спортско игралиште во Скопје

Полицаец е физички нападнат синоќа околу 23.30 часот на улица Кеј 13 Ноември. Полицијата соопшти дека нејзиниот службеник го нападнале З.И.(33) и Е.И.(28) за време на преземање мерки по пријава за гласна музика на спортското игралиште кое се наоѓа на улицата. При тоа тој истрелал во воздух како предупредување.

Во тој момент поради загрозување на неговата безбедност и безбедноста на приправникот кој бил заедно со него нападнатиот полицаец испукал четири куршуми во воздух за предупредување, а веднаш потоа осомничените избегале од местото на настанот, но по кратко време се пронајдени и приведени, соопшти МВР.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.