Нападнат полициски службеник од пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска општина синоќа пациенти нападнале полициски службеник.

Полицијата соопшти дека синоќа во 23:05 часот во полициската станица во Ѓорче Петров е добиено известување од дежрната екипа на поликлиниката дека пациенти го нарушиле јавниот ред и мир по што нивни службеник излегол на местото на настанот.

Кога полицискиот службеник се обидел да ги легитимира, тие го турнале, му го зеле тефтерот и рачната радио станица и ги фрлиле по што заминале со патничко возило „мерцедес“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.