Македонија,Крими хроника

Нападнат судија на кошаркарски натпревар во Кавадарци

Нападнат судија на кошаркарски натпревар во Кавадарци

За време на одржување на кошаркарски натпревар во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци помеѓу младинските екипи на кошаркарските клубови „Фени индустри“ од Кавадарци и „Шкупи“од Скопје, по завршување на првото продолжение, поради физички напад врз вториот судија Л.Н., делегатот го прекинал натпреварот.

Како што соопштуваат од МВР, по донесување на техничка грешка и отстранување на играч од екипата на клубот „Шкупи“ сите играчи како и помошниот тренер влегле на теренот со цел да го нападнат судијата.

По барање на делегатот интервенирано е од страна на полициски службеници кои  безбедно ги испратиле судиите во соблекувалните.

За цело време од страна на играчите биле фрлани пластични шишиња кон публиката и биле упатувани закани и навреди.

Сите членови од КК-„Шкупи“ биле упатени кон соблекувалната и потоа со придружба биле испратени за Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и идентификување на сите учесници по што на истите ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.