Нападнат ученик во дворот на училиштето „Боро Петрушевски“

На 26.12.2013 година околу 09,10 часот во дворот на средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ од страна на едно непознато лице без повод и причина физички е нападнат 17 годишен ученик од истото училиште со тупаници во пределот на главата и телото по што напаѓачот го напуштил лице местото.

По превземени мерки и активности утврден е идентитетот на напаѓачот Б.Б.(16) с.Арачиново. По документирање на случајот против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.