Нападнат возач на ЈСП – напаѓачот го удрил и му се заканувал со нож

Настанот се случил на улицата  „Козле“, на последната автобуска постојка кога непознато машко лице со тупаница го удрило возачот во пределот на главата и му се заканувало со нож, по што со автомобил со скопски регистарски ознаки побегнало од местото.

За кратко време лицето било пронајдено и утврдено е дека се работи за С.А. (34) од село Крушопек, и истиот бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување  на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.