Свет

Нападната џамија во Пакистан, најмалку 22 лица загинати

Нападната џамија во Пакистан, најмалку 22 лица загинати

Најмалку 22 лица загинаа, а околу 60 други се ранети денеска при напад на тројца сунитски милитанти врз верниците во една шиитска џамија во пакистанскиот град Пешавар.

Напаѓачите носеле оружје и гранати, а тројцата на себе имале елеци какви што носат бомбашите-самоубијци.

Интервенирала пакистанската полиција, па во еден момент дошло до вооружена пресметка меѓу напаѓачите и силите на редот, во која еден од милитантите бил убиен, а друг се самоубил, активирајќи го самоубиствениот механизам на своето тело. Третиот напаѓач бил заробен.

Претставник на локалната полиција изјави дека тројцата вооружени напаѓачи влетале во џамијата за време на петочната молитва, пукајќи од оружјето и фрлајќи бомби.

Тие сакале да го активираат самоубиствениот механизам на своите тела, но тоа му успеало само на еден од нив. Другите двајца ги употребиле бомбите што ги носеле, пред да бидат совладани од полицијата.

Пред три недели во напад врз една друга шиитска џамија во Пакистан, сунитски милитанти убја повеќе од 60 лица.

Мнозинството од населението во Пакистан се сунитски муслимани, а само 20 отсто се шиити.