Нападната германската амбасада во Грција

Најмалку четири куршуми се испукани кон резиденцијата на амбасадорот на Германија во Атина рано утрово, повредени нема и не е причинета материјална штета.

Куршумите завршија во металната капија на резиденцијата зад заштитниот ѕид во многу прометна улица во грчката престолнина.

Полицијата пронашла  куршуми во тоа подрачје, а неименуван извор од полицијата рекол дека во тој напад учествувале две лица.

Грчкиот премиер, Антонис Самарас, разговарал со амбасадорот на Германија во Атина, Волфганг Долд по инцидентот.