Нападната и ограбена жена од Сарај

На 12.06.2016 година во 18 часот во ПС Центар, М.Н. (31) од с.Сарај, скопско, пријавила дека истиот ден околу 17 часот во Скопје, на ул.„Маркс и Енгелс“, три непознати лица извршиле разбојништво над неа.

При тоа и била одземена чанта во која во која имала мобилен телефон, златен прстен, 2.000 денари и 3.050 евра. Веднаш потоа сторителите побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.