Нападната полициска станица во Истанбул

Нападната полициска станица во Истанбул

Утрово е нападната локална полициска станица во истанбулската општина Есенјурт. Двајца вооружени напаѓачи отвориле оган околу 6.40 часот денеска врз четирикатната зграда на полицијата. Во нападот нема убиени и повредени.

Полицијата одговорила на огнот неодложно и ја почнала престрелката, но напаѓачите успеале да избегаат.
Полицијата одговорила на огнот неодложно и ја почнала престрелката, но напаѓачите успеале да избегаат.

Полицијата одговорила на огнот неодложно и ја почнала престрелката, но напаѓачите успеале да избегаат.

Силите за безбедност, потпомогнати од хеликоптер, ја водат операцијата за фаќање на извршителите на нападот. Во операцијата учествуваат извршителите на нападот. Во операцијата учствуваат и специјални единици.

Нападнати американскиот Конзулат и полициска станица во Истанбул

Пред само десет дена, нападнат беше и објектот на американскито Конзулат во Истанбул, еден час откако експлодира автомобил-бомба пред полициска станица.

Најмалку десет лица беа повредени во експлозијата кај полициската станица, а меѓу нив имаше и тројца полицајци.

Во нападот на американскиот Конзулат,  по кој имало престрелка меѓу напаѓачите и полицијата, немаше жртви. Двајцата напаѓачи успеале да побегнат

Во зградата на американскиот Конзулат беа испратени тимови за деактивирање бомби. Дел од локалните медиуми јавија дека еден од напаѓачите се сокрил во куќа која е опколена од полицијата.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.