Нападната пратеничка во Ѓорче Петров

Домот на пратеничка од редови на опозицијата е нападнат во скопската населба Ѓорче Петров, дознава НетПрес од партиски извори.

Имено, во текот на ноќта, непознати лица на влезната врата од домот на пратеничката Љубица Буралиева напишале „Ку… продадена“, како и го изцртале знакчето на долари.

Љубица Буралиева е пратеничка од опозициските редови во Изборната единица 2.

Како што дознаваме од партиски извори, нападот е поради конфликти кои пратеничката ги имала со нејзините сопартијци поради различните ставови околку враќањето во Собранието.

Засега е непознато дали случајот е пријавен во полиција и дали полицијата извршила увид на лице место.