Нападната синагога во Ерусалим, пет еврејски верници загинале

Пет еврејски верници, кои утрово биле на молитва во синагога во квартот Хар Ноф во Ерусалим, загинале при напад од двајца Палестинци, соопшти израелската полиција, обави МИА.

Полицијата пристигнала брзо и ги застрелала напаѓачите, кои биле вооружени со секира, нож и пиштол, на скалите од синагогата, објави израелското воено радио.

Локалните медиуми пренесуваат дека во нападот има повеќе повредени лица.