Нападната жена на улица на која и е одзмено златно ланче

На 22.02.2014 година околу 13,45 часот во Скопје ул.„Методија Митевски“бб, поточно пред влезот на ОУ„Рајко Жинзифов“, засега непознат сторител извршил разбојништво над Б.З.(1966) од Скопје, на тој начин што откако и пришол од зад грб, ја удрил со тупаница во пределот на лицето, од вратот и го искинал и одазел златното ланче, а потоа го напуштил лице местото.

Со разбојништвото сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.000 денари.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.