Нападнати канцелариите на „Мајкрософт“ во Атина

Експлозивна направа утрово избувна пред канцелариите на „Мајкрософт“ во Атина, при што нема повредени лица, пренесува МИА.

Полицијата соопшти дека направата била изработена од две мали боци со гас за домаќинство. Во експлозијата е оштетен само влезот на зградата.

Канцелариите на „Мајкрософт“ во Атина беа нападнати во јуни 2012 година, кога мини комби полно со запаливи материјали удри во влезот на зградата, а потоа вооружени лица отворија оган.

Одговорност за нападот презеде групата Неформалната анархистичка федерација – Меѓународен револуционерен фронт (ФАИ- ИРФ).