Нападнати и ограбени малолетници во Скопје

МВР соопшти дека случајот во полиција го пријавил братот на нападнатото момче. Тој кажал дека околу 19,25 часот на ул.„Атанас Митрев“, во близина на Транспортниот центар неговиот 16 годишен брат бил пресретнат од страна на три непознати малолетни лица кои физички го нападнале удирајќи го во пределот на главата. Со закана со нож извршиле разбојништво, одземајќи му сребрено синџирче и избегале, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 12.000 денари.

Уште едно 17 годишно момче било нападнато и ограбено вчера во Скопје. Околу 13,50 часот на ул.„Томе Тошиќ“ било пресретнато од три непознати лица кои со употреба на физичка сила и удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата, му одзеле школски ранец во кој имало спортска опрема и 150 евра.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја.