Нападнати полицајци во Битола

Битолската полиција поднесе кривична пријава против З.Р.(29) од  Прилеп, Р.И. (30) од село Вешала, тетовско, и Ф.Р.(32) и О.Р.(34) двајцата од Битола, поради напад на полицајци.

Имено, на 11 мај на ул.„Девеани“ во Битола, полициски службеници при преземање на мерки за расчистување на нарушен јавен ред и мир, физички  биле нападнати, при што се здобиле со телесни повреди.