Нападнати Украински граничари, во Славјанск од хеликоптер пукано на цивили

Проруските сили на југоистокот на Украина раниле неколку граничари во напад недалеку од Луганск, додека украинската војска ранила пет цивили во воена операција во Славјанск, јавија руските и западните медиуми повикувајќи се на изјавите на украинските власти и прорускита милиција.

Украинските војници раниле  вчера пет цивили во текот на воената операција во Славјанск, соопштила денес народната градската народна милиција пренела, руската новинска агенција Интерфакс.

„Пет цивили се ранети во синоќешниот оган од хеликоптер на градот. Пукањето се завршило околу 21 часот по московско време“, навел штабот на народната милиција во Славјанкс. Во извештајот се додава и дека војниците пукале на неколку градски населби и дека жителите на Славјанск се подготвувале ја поминат ноќта во скривниците, пренел „Глас на Русија“.

Во меѓувреме украинската Државна гранична служба соопштила дека се во тек борби меѓу проруските сили и граничарите во Луганск и дека неколку војници се ранети.

Претставници на властите навеле дека околу 100 наоружани проруски сили нападнале погранична испостава во Луганск, во раните утрински часови.

Граничарите одговориле со оган во текот на нападите чиј број неколку часови подоцна пораснал на 400, јавила американската агенција АП.

Судирот меѓу украинскита војска и проруските сили на Истокот на Украина ескалирал минатата недела бидејќи припадниците на проруската милиција се обиделе да го завземат меѓународниот аеродром во Доњецк и во судирите кај аеродромот го обориле украинскиот воен хеликоптер.