Нападнати украински војници во близина на Доњецк

Засега непознати лица во текот на минатата ноќ нападнале припадници на десантна единицa на украинската армија, кои обезбедувале „важна државна зграда“ во градот Доброполск во близината на Доњецк во источна Украина, соопшти утрово украинското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека украинските војници возвратиле на нападот, при што дошло до престрелка, во која е ранет еден од напаѓачите, а двајца други се заробени.

Војниците го одбија нападот, се додава во соопштението на Министерството.