Нападнато и ограбено десетгодишно дете во Скопје

дете

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, А.П (44) од Скопје во Полициската станица Центар пријавил  дека вчера попладне околу 17 часот на ул.„50- та Девизија“ спроти маркетот засега непознато лице го нападнало неговиот 10-годишен син и му одзел спортско ташниче во кое имало мобилен телефон и клуч од станот.

Разбојникот се доближил до детето, го фатил за врат, го турнал на земја и му го одзел ташничето, по што заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информира МВР во редовниот Билтен.