Македонија,Крими хроника

Нападнато возило на Брза помош, возачот тешко повреден

Нападнато возило на Брза помош, возачот тешко повреден

Возило на Брза помош ноќеска околу полноќ било нападнато во близина на Центарот за зависници во скопската населба Кисела Вода, при што тешко е поврден возачот на амбулантното возило и искршени се стаклата.

Според информациите од Итната медицинска помош, возачот на возилото имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно е опериран на Клиниката за трауматологија.

Полицијата информира дека екипата на Итната медицинска помош е нападната од засега непознати лица. Возачот, бил физички нападнат со тупаници, а докторката не била повредена.