Магазин

Нападот на ајкула му го спаси животот

Нападот на ајкула му го спаси животот

Човекот кој имаше потенцијална смртоносна средба со ајкула тврди дека токму тоа му го спасило животот, бидејќи лекарите кои му ги санирале повредите тогаш откриле дека боледува од рак.

Јуџин Фини бил на одмор во Калифорнија со својата девојка и децата на возраст од 6 и 10 години. Неговата девојка и деца биле на плажа, а тој влегол во водата. Тогаш почуствувал дека нешто го удрило во пределот на грбот.

-Тоа беше најсилниот удар кој го почуствував во животот, изјавил овој триесет и деветгодишник.

Повреден и во шок успеал да побегне од водата, но не бил свесен што се случило.

Дури под тушок на плажата забележал дека од грбот му тече крв.

Ајкулата му создала голема исекотина и модринки, но Јужин дури по враќањето дома отишол во болница поради болките во градите и грбот.

Таму му ги санирале повредите, но и му откриле тумор со големина на орев на десниот бубрег.

Бидејќи туморот бил во почетна фаза, лекарите со операција успешно го отстраниле, а Јуџин изјавил дека се чуствува благословен, бидејќи добил втора шанса за живот.