петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Русија: Докази дека нападот врз бомбардерот бил планиран

avion-srushen-1

Поврзани вести

Постојаниот претставник на Русија во НАТО, Александар Грушко претстави информации што покажуваат дека турскиот напад врз рускиот „Сухој“ бил планиран, пренесува „Раша Тудеј“.

Грушко се сретна со заменикот генерален секретар на Алијанската, Александар Вершбоу и во рамки на средбата се разговараше за инцидентот со соборувањето на рускиот бомбардер.

Му ги претставив сите информации со кои располага Русија, цела низа полититчки и воени фактори што говорат за тоа дека нападот на авионот бил со предумисла и тоа на територијата на Сирија, изјави Грушко.

Тој истакна дека НАТО, не коментирајќи го потегот на турската војска, политички ја брани Анкара и на тој начин сноси одговорност за инцидентот.

Ова не е прв случај НАТО да применува политика на двојни стандарди кога станува збор за северноатланската солидарност, рече Грушко и потсети на претходниот случај кога руски авион го наруши воздушниот простор на Турција кога долета турски ловец и го пренасочи рускиот авион.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека НАТО го поддржува правото на Турција да го брани нејзиниот воздушен простор, но и дека е потребно деескалирање на состојбите.

Столтенберг исто така изјави дека е неопходно да се обноват директните контакти меѓу Анкара и Москва.

Најчитани вести