Македонија

Нападот врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?

Нападот врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?

Провокациите и уследувањето на физички напад врз новинарот Антонио Димитриевски од страна на братучедот на Шекеринска, Никола Наумовски се чини дека се најмалку наивни, а уште помалку случајни, пишува порталот Журнал.нет.

Порталот нагласува дека вчера вечер по неуспехот на референдумот во Центар давајќи изјава, до Андреј Жерновски стоеше токму Никола Наумовски што кажува дека тој иако сакајќи да се престави како дел од некакво независно невладино движење во чија независност никој не верува, тој всушност бил дел од штабот на Жерновски.

Оттука, дополнително се зголемува скандалот со нападот на Наумовски врз Димитриевски што се случи во петокот.

Јасно е дека братучедот на Шекеринска бил пред радиото РСМ со цел да предизвика намерно инцидент. Уште поголема дилема е дали се работи за политичка нарачка да се нападне новинарот со цел да се привлече внимание на јавноста?

фото: zurnal.net