Нападот врз Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Македонија (СОНК) и неговата организација и право на самостојност во работењето, претседателот на СОНК Јаким Неделков на прес-конференција, го оцени како смислено, тенденциозни и обид за разбивање на единството во организацијата и покажување на општо незадоволство во СОНК.

сонк

– Во изминатите седмици, наша проценка и тврдење, е дека врз СОНК се врши организирана, диригирана и оркестрирана хајка се со цел за разбивање на единството во СОНК и намалување на јачината на оваа синдикална организација. Одредена политичка партија неколку пати излага на прес-конференција да се меша директно во работењето на нашата синдикална организација и да кажува невистини, лаги и шпекулации и инсуинации, рече Неделков.

Посочи дека оваа политичка партија била поддржана од некои медиуми кои селективно ги давале информациите во однос на изјавите на СОНК и најавувале текстови со бомбастични наслови во правец на големото незадоволство на членството врз раководството и работењето на СОНК, и во крајна линија масовно излегување на членствто од СОНК, што не е вистина.

– Нападите врз СОНК отидоа дотаму, да една група пред седиштето на СОНК побара одговори од раководството преку транспаренти. Поставување на прашања преку медиуми и давање свои ставови и заклучоци преку медиуми на наши членови не води кон ништо добро. Тоа ние го цениме како инструирано и договорено. Секој член што сака да знае за работењето на СОНК, има легитимно право тоа да го дознае преку нашите органи и тела, рече Неделков.

Тој во однос на изјава на веќе поранешен член на СОНК за погрешна пресметка на платите во средното образование и пласирање тешки невистини и шпекулации во јавноста дека професорите се оштетени за дури 70 евра рече дека најодговорно СОНК го демантира како невистина.

Според Неделков се поставува и прашањето зошто во 2016 година се реагира на спогодбата меѓу СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) потпишана во 2014 година и нејзино неспроведување, како и зошто тој поранешен претседател на таа синдикална организација легитимно во органите на СОНК не го постави тоа прашање, туку се обиде одговорот да го бара во институции надвор од нашата организација.

Генералниот секретар на СОНК Весна Неделковска посочи дека минималната и најниска плата се два различни термини, кои се однесуваат на две различни категории и корисници.

– Минималната плата во Македонија се утврдува со закон и има одреден од Владата и репрезентативните федерации на синдикатите и репрезентативните здруженија на работодавачи во Македонија. Најниската плата утврдена со колективните договори ја утврдуваат со спогодба потписниците на тие колективни договори. Во овој случај се работи за МОН и СОНК. Утврдената најниска плата за најнизок степен на сложеност по работно место се множи со соодветниот коефициент за секое работно место соодветно и не може да стане збор за еднаквост помеѓу минимална и најниска плата, рече Неделковска.

Претседателот на СОНК, исто така, посочи дека синдикатот се финансира исклучително од синдикална членарина и никакви спонзорства и донации, а членството во него носи еден куп права и неколку одговорности.