Нападот врз „Шарли ебдо“ бил планиран со години

Нападот беше планиран со години, рекол во видео лидерот на Ал Каеда од Арапскиот Полуостров (АКАП), тврдејќи дека Анвар ал-Авлаки е „мозокот” на целата операција.

Ал-Авлаки беше портпарол на терористичката група, но беше убиен во Јемен во 2011 година со американско беспилотно летало.

Аналитичарите со денови се обидуваат да откријат дали напаѓачите на редакцијата на Шарли ебдо се сретнале со Ал-Авлаки на патувањата во Јемен.

Ова би можело да ги потврди тврдењата од видеото во кое претставникот на Ал каеда на Арапскиот Полуостров зборува за нивната одговорност за убиството на 12 лица.

АКАП не ја презеде одговорноста за смртоносната опсада во супермаркет во Париз, но ја пофали.