Нападот врз „Шарли ебдо“ извршен со муниција произведена во БиХ

Заменик министерот за одбрана на БиХ Живко Марјанац, потврди за босанскиот весник „Дневни аваз“ дека муницијата што била користена во нападот во Париз е произведена во БиХ.

-На една од чаурите пишуваше „ИК Коњиќ 1986“. Тоа е компанијата „Игман Коњиќ“. Но ако „Игман Коњиќ“ беше во состав на ЈНА, тоа значи дека нивната муниција е распространета од Словенија до Македонија, вели Марјанац.

Тој ја исклучува можноста муницијата да стигнала до терористите од БиХ.

– Не се знае од каде стасала муницијата, но се знае дека е произведена во Босна. Овде имаше војна и во секоја втора куќа и денес има 20 куршуми. Како можеме да знаеме дека некој самостојно не ги продал куршумите. „Игман Коњиќ“ произведува и денес извесува во САД, заклучил Марјанац.