ФОТО: Напаѓачите во Париз биле издрогирани за време на нападите

Напаѓачите во Париз биле издрогирани за време на нападите. Опрема за користење дроги, пластични шишиња и остатоци од пица. Тоа е се што останало во хотелската соба на главните осомничени за нападите во Париз.

Осомничените во оваа соба престојувале ноќта пред нападите, а според фотографиите, најверојатно 26-годишниот Салех Абдеслам по кого е распишана меѓународна потерница, бил издрогиран вечерта кога беа извршени нападите во француската престолнина.

 teroristi-isis-pariz-2

Полицијата верува дека тој заедно со мозокот на операцијата Абделхамид Абауд во моментов се наоѓа во станот во Сан Дени што е опколен од полицијата.

Абдеслам преку интернет ги резервирал собите во хотелот за себе и за бомбашите користејчи го сопственото име. Тој барал две поголеми соби каде може да бидат сместени повеќе лица една недела, а платил со сопствената кредитна картичка.

teroristi-isis-pariz-3

Според извори блиски до истрагата собите во хотелот во Алфорвиј биле резервирани од минатата среда.

Хотелот нема видео-надзор, а во собата биле најдени траги од ДНК. Полицијата исто така го запленила компјутерот од рецепцијата.