Напаѓачите од Брисел планирале да нападнат нуклеарка

Браќата Ел Бакруи планирале да нападнат нуклеарка но поради апсењето на Абдеслам ги забрзале нападите.

Истите напаѓачи стојат зад нападите во Париз и во Брисел. Со апсењето на Салах Абдеслам и неговиот соученсик Абдеслам Чукри во Моленбег, белгиската полиција можеби го избегна најлошото. Со апсењето на Абдеслам, властите можеби ја притиснале терористичката ќелија да го промени планот за нападите во Брисел и да ги забрза нападите. Па така првичните цели, меѓу кои и белгискиот нуклеарен систем, биле променети, пишува белгиски „Ла Либре“.

Според информациите објавени во белгиската телевизија ДХ, двете лица што биле забележани на скриената камера пред домот на директорот на истражувачкиот тим за белгискиот нуклеарен развој биле токму браќата Халид и Ибрахим Ел Бакруи. Ибрахим се разнесе на аеродромот Завентем, а Халид во метрото на станицата Малбек.

Непосредно по нападите во Париз бил откриен видео материјал. Станува збор за видео снимка од 10 часа, која била пронајдена минатиот декември кај еден од напаѓачите од Париз, Мохамед Бакали.

На видеото се гледа движењето на директорот на белгискиот нуклеарен систем. По пронаоѓањето на видеото, истрагата сфатила дека целта на терористите била најверојатно да се загрози безбедноста во Белгија како никогаш претходно.

По дознавањето на овие информации, на 17-ти февруари, 140 војници биле распоренедни во белгиските нуклеарки со цел да се обезбедат истите.

Можеби токму поради ова, терористите одлучија да го изберат „полесниот“ начин и да извршат напади врз аеродромот и метро станицата.