Свет

Напаѓачите од Брисел планирале напад со атомска бомба

Напаѓачите од Брисел планирале напад со атомска бомба

Терористичката ќелија од Брисел набљудувала повеќемина претставници во Белгија како дел од нивните планови да извршат напад со атомска бомба, пишува британски „Тајмс“.

Вкупно 11 работници од нуклеарната станица Тианж им била дадена забрана за пристап поради страв дека истите биле компромитирани, откако беше откриено дека бомбашите самоубијци Ибрахим и Халид Ел Бакрауи биле вклучени во планирањето на нападот со атомска бомба.

Еден постар експерт во нуклеарната контрола вели за „Тајмс“ дека „кога ќе почнете да снимате некого на начинот на кој што тие го правеле тоа, логичниот заклучок е дека тие сакале да ја киднапираат таа личност и да се стекнат со радиоактивен материјал“.

Претходно беа објавени информации дека браќата Ел Бакрауи сакале да извршат напад врз нуклеарна централа во Белгија. Повеќе за ова на следниот линк.