Напаѓачите во Есен биле симпатизери на Исламска држава

Во извештајот на Министерството за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија се наведува дека двајцата средношколци кои што пред две недели во Есен извршија бомбашки напад врз верски објект на верската група Сики во Германија се радикални исламисти и симпатизери на Исламска држава.

Двајцата 16-годишни напаѓачи на 16 април детонирале апарат за гаснење а пожар полн со експлозив на влезот на верскиот објект. Напаѓачите одбиле да признаат дека причините за нападот се верски, иако едниот од нив признал дека е симпатизер на ИД и Ал Каеда, а на полицијата и е познат поради закани за еврејски познаник.
Според извештајот напаѓачите кои што беа уапсени четири дена по нападот се припадници на радикална салафистичка група активна во Есен.
Сиките се монотеистичка верска група која што потекнува од Индиската држава Пенџаб, а во Германија живеат околу 40.000 нејзини членови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.