Напаѓачот на американската амбасада во Подгорица оставил проштално писмо

Далибор Јауковиќ кој фрли бомба врз Амбасадата на САД во Подгорица, па самиот се разнесе, при што телото му го најдоа на околу 30-ина метри, оставил проштално писмо на шест страници.

Некои медиуми во Србија јавуваат дека тој не сакал да се разнесе самиот, туку по грешка ја активирал бомбата додека била кај него.

Тој во писмото го моли семејството за прошка, и ги опишува личните и политичките ставови.

Според полицијата, токму писмото ќе го даде мотивот за настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.