петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 34

Напаѓачот од Минхен е 18-годишен Иранец

напад

Поврзани вести

Напаѓачот во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен е 18-годишен Ирaнец од Минхен, изјави утрово шефот на полицијата Хубертус Анде на прес-конференција додавајќи дека мотивите за злосторството засега не се познати.

По нападот момчето извршило самоубиство. Никој друг не е осомничен за пукањето во кое загинаа 8 лица, а најмалку 21 е рането.

Нападот се случи во трговскиот центар „Олимпија“ на околу 5 километри северозападно од центарот на Минхен.

Телото на напаѓачот е пронајдено на околу 1 километар од трговскиот центар. Црвениот ранец пронајден во близина на телото и е испитан на експлозив, но истрагата продолжува.

Најчитани вести