Напаѓачот од Минхен е Германец

Портпаролот на баварската полиција, Карл Хајнц Зегерер изјави дека мажот кој е обвинет дека извршил напад со нож рано утринава врз патници на железничката станица во Минхен има германско државјанство, но не е жител на Баварија.

Исто така тој информира дека напаѓачот има 27 години.

Зегерер истакна дека испитувањето на сведоците покажало дека напаѓачот „дал политички мотивирани коментари“ за време на нападот, во кој се ранети четири лица, од кои едното од нив почина, пренесува Танјуг.

Тој за „Н-ТВ“ објасни дека во моментов малку може да се каже за позадината на нападот“, нагласувајќи дека ќе биде извршен притисок врз  сведоците и осомничениот со цел да се дознае што и кому му е речено.

Обвинителот порано денеска рече дека напаѓачот „очигледно имал исламистички мотиви“.

Инцидентот се случи во Графинг, источното предградие на Минхен, на железничката станица околу 05:00 часот наутро, при што според очевидцит напаќачот извикнал „Алах акбар“ (Господ е голем). Напаѓачот е совладан и уапсен.