сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 45

Напаѓачот од Ница имал помагачи, а нападот го планирал со месеци

Мохамед Лахауј Булел (31) кој со камион во Ница уби 84 лица и рани 303, имал поддршка и помагачи, рече денес францускиот обвинител. Тој рече дека и нападот бил планиран неколку месеци.

bulel-1

Поврзани вести

Мохамед Лахауј  Булел (31) кој со камион во Ница уби 84 лица и рани  303, имал поддршка и помагачи, рече денес  францускиот обвинител. Тој рече дека и нападот  бил планиран неколку месеци.

Полицијата  го уби напаѓачот  ноќта  непосредно по терористичкиот напад, а полицијата во меѓувреме уапси пет лица што се товарат дека му помагале на Булел. Во мобилниот телефон се пронајдени докази дека тој нападот го планирал уште во 2015-тата година.

nica-bulel

Неодамна е објавено дека Булел пред нападот во камионот фотографирал селфи  фотографии на кои изгледал целосно опуштено . Претходно Булел користел мобилни апликации за пронаоѓање на машки и женски партнери.

Анализата на неговиот мобилен телефон покажала дека и покрај тврдењата за тоа дека  бил радикален исламист Булел имал хомосексуални склоности, пиел алкохол, а користел и дроги.

Речиси половината од неговите жртви се странски државјани. Во атентатот од 14-ти јули од 84 убиени 3 биле странци од 19 земји.

Најчитани вести