Напаѓачот пред пукањето бил во домот на Тодоров

Напаѓачот го барал екс министерот за здравсто Никола Тодоров во неговиот дом пред да двапати да пука во него пред Министерството за здравство, дознава Press24 од добро упатени извори.
Според информациите, велешанецот Љ.С. според се уште непотврдени информации со уште две лица од рано наутро го чекал Тодоров пред министерството. Откако не дошол, напаѓачот се упатил кон домот на Тодоров. Тропнал на неговата врата, но откако видел дека тој не e дома заминал назад во Министерството за здравство каде што го извршил нападот.

За среќа, никој не е повреден, а напаѓачот е приведен. Од полицијата се уште нема потврда за вмешаноста на други лица во нападот, но очевидци велат дека Љ.С. заедно со уште две лица село утро бил пред Министерството.

Кон Тодоров било пукано два пати

Пред министерството за здравство денеска се случи обид за убиство на досегашниот министер за здравство Никола Тодоров. Според првичните информации, Тодоров на влегување на скалите се поздравувал со снимателите кои чекале да влезат внатре и тогаш напаѓачот извадил пиштол и пукал директно во него. Кон Тодоров било пукано двапати, потврди за „Република“ од Министерството за внратершни работи.

Веднаш е интервенирано од обезбедувањето на министерството за здравство кое го оневозможило напаѓачот.

Лицето е приведено и е на распит во Полициската станица Беко. Според првичните информации напаѓачот е 57 годишен Љупчо Стојановски од Велес, а според пишувањата на медиуми, Љупчо е дедото на малата Тамара, која почина чекајќи Фондот да ѝ одобри средства за операција во странство.

Решението за одобрените пари пристигна следниот ден по нејзината смрт. СДС и „Шарената револуција“ го користеа овој случај и болката на семејството на Тамара за да испровицираат вакво нешто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.