Напаѓачот со нож во Полска имал долг психијатриски третман

© AP Photo

Напаѓачот со нож во трговскиот центар во полскиот град Сталова-Воле, во кој загина едно лице а ранети беа уште осум, долго се лекувал кај психијатар, изјави во саботата министерто за внатрешни работи и администрација, Мариуш Блашчак.

„Мажот се лекувал кај психијатар подолг период. Се чини дека ситуацијата поврзана со неговата ментална состојба е причината за нападот, а не некоја друга реакција“, изјави полскиот министер за внатрешни работи и администрација Мариуѓе Блашчик за радиото RMF FM.

Потврди дека „мажот дејствувал сам“, и оти неговите постапки „не се поврзани со никакви идеолошки или терористички пројави“, како и дека злосторникот „не бил пијан“.

Министерот истакна дека полицијата во моментов ќе ги зголеми патролите во трговските центри низ земјата.

„Зборував со главниот командант на полицијата на Полска. По овој настан командантот посвети поголемо внимание на трговските центри. Ќе има повеќе патроли“, рече Блашчик.

Притоа истакна дека немало поплаки на реакцијата на полицијата. „Тоа беше инцидент кој тешко можел да се предвиди“, додаде министерот.

Полските медиуми објавија дека во нападот главно настрадале лица меѓу 18 и 50-годишна возраст, кои се здобиле со повреди во градите и на главата. Полицијата ги уапси напаѓачот. Идентификуван е како локален жител, кој претходно не бил кривично гонет и бил во трезвена состојба во текот на нападот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.