Напаѓачот во Берлин е 23-годишен Пакистанец

Осомничениот извршител на нападот во Берлин е 23-годишниот Пакистанец, Невед Б., објави германскиот весник „Велт“.

Во исто време германски специјални сили извршија претрес во Центарот за бегалци, кој се наоѓа во затворениот берлински аеродром Темпелсхоф. Испрашани се  четири млади лица, сместени во Центарот за бегалци.

Засега властите не коментираат дали претресот во Центарот за бегалци е поврзан со нападот божикен базар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.